Мактел со 14 милиони евра ќе ја модернизира мрежата

Bez autora
Oct 05 2011

Македонски телеком започнува проект за модернизација на мрежата. Станува збор за инвестиција од 14 милиони евра која до крајот на 2013 година треба да овозможи воведување на нова мултимедијална платформа од следната генерација базирана на Интернет протокол. Новата платформа ќе ги смени постојните дигитални телефонски централи и ќе овозможи воведување конвергентни мултимедијални услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на неограничените можности што ги нуди интернетот. Со оваа капитална инвестиција Македонски телеком и овозможува на Македонија да стане првата држава во Југоисточна Европа чијашто мрежа ќе овозможи биде базирана целосно на интернет протокол, односно единствена земја во регионот во која секој корисник ќе има можност за широкопојасен интернет пристап.

Мактел со 14 милиони евра ќе ја модернизира мрежатаМакедонски телеком започнува проект за модернизација на мрежата. Станува збор за инвестиција од 14 милиони евра која до крајот на 2013 година треба да овозможи воведување на нова мултимедијална платформа од следната генерација базирана на Интернет протокол.

Како што појасни Даниел Сас, извршен директор на Македонски телеком, новата платформа ќе ги смени постојните дигитални телефонски централи и ќе овозможи воведување конвергентни мултимедијални услуги со врвен квалитет и иновативни начини за користење на неограничените можности што ги нуди интернетот.

- Со оваа капитална инвестиција Македонски телеком и овозможува на Македонија да стане првата држава во Југоисточна Европа чијашто мрежа ќе овозможи биде базирана целосно на интернет протокол, односно единствена земја во регионот во која секој корисник ќе има можност за широкопојасен интернет пристап - рече Сас.

Тој најави дека модернизацијата на мрежата ќе почне овој месец. Процесот ќе се одвива етапно и по региони и во првата фаза ќе бидат опфатени Скопје (Центар и Кисела Вода), Гевгелија, Тетово и Велес.

Освен комплетната замена на постојните дигитални телефонски централи, модернизацијата на мрежата вклучува и инсталирање бесплатен интегриран уред за пристап кај корисниците кои досега не користеле широкопојасен интернет. Корисниците на Call&Surf или 3 Маx пакети веќе имаат таков уред. На уредот ќе се приклучуваат сите комуникациски уреди што можат да се користат дома - телефон, MaxTV, компјутер, лап топ, смартфон, како и сите нови типови телевизори, веб камери, интернет радија...

Тој најави дека на корисниците на МТ кои досега користеле само говорни услуги, по префрлањето на новата платформа ќе им се овозможи еден месец бесплатен пристап до интернет без никакви обврски. Постојните корисници на широкопојасните услуги, пак, ќе добијат три месеци неограничен пристап до интернет, без дополнителен надомест.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik